За да ги подготвите, потребно е– 500 грама грав, 4 главици кромид, 8 бабури (пиперки) , бибер, малку масло.
Подготовка
Гравот сварете го со исечканиот кромид и исцедете го. Смелете ги или изгмечете ги, па додадете го маслото и биберот. Со таа смеса наполнете ги бабурите.
Преостанатиот грав ставете го на тава за печење, па преку него наредете ги пиперките и печете ги 20- на минути во рерна.