Иделан идеа за одличен ручек….
1/2 кг мелено месо
1 јајце
1 кромид
2-3 лажици презла
2-3 лажици вода
оригано бибер, сув зачин по вкус
4 помали компири
250 гр свежи печурки
250 гр кашкавал
Компирите сварете ги и оладете ги.
Печурките пропржете ги на малку масло.
Месото измесете го со ренданиот кромид, јајцето, презлата, водата и зачините.
Направете 4 плескавици кои ќе ги ставите на намрсена тава.
Одозгора најпрво ставете печурки, па ренданиот компир, а најгоре ставете рендан кашкавал.
Ставете ги да печат во загреана рерна на 200 степени.