Состојки:
- 4 помали багети (должина околу 25 см)
- 5 големи јајца
- 80 мл кисела павлака за готвење
- 100 гр сланина
- 100 гр рендано полу-тврдо сирење
- 100 гр виолетов кромид
- 1 лажица сецкан магдонос
- сол
Подготовка:
Исечете ги багетите на средина во форма на буквата в.
За филот, изматете ги јајцата, додадете ја киселата павлака и добро измешајте ја смесата заедно. Додадете рендано сирење, ситно исечканата сланина и пропржете малку, додадете го исечканиот кромид и магдоносот. Промешајте и додадете малку сол.
Наполнете ги багетите со подготвениот фил со помош на лажица, потоа испечете ги во рерна загреана на 180°C 15 -20 минути, односно сè додека не добијат златна боја и фина кора.