Искористете ја сезоната на тиквички максимално.
Потребно ви е:
- 3 средни тиквички исечени на подебели кришки
- 200 гр. презла
- 150 гр. пармезан
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка босилек
- 1 лажичка оригано
- 2 чешни лук (исечкани)
- масло
Подготовка:
Тиквичките измијте ги и убаво исечете ги на подебели кришки. Секоја кришка премачкајте ја со маслиново масло од двете страни, па ставете ги во смесата од презла, пармезан, сол, босилек и оригано, како и лук. Печете ги во рерна загреана на 150 степени околу 15 минути.
Подоготовка на сосот за тикви:
Потребно е: 150 гр. грчки јогурт, 1 чешне лук, сол и бибер. Промешајте го сето тоа и послужете го со печените тикви.