Идеални слатки набрзина, готови за 20 минути.
Состојки за тесто:
- 200 г. путер или маст
- 2 лажици шеќер
- 1 јајце
- 200 мл. јогурт
- Пола лажичка сол
- 10 г. или една кесичка прашок за печиво
- 500 г. меко брашно + малку да се премеси и развлече
Полнење по избор: мармалад, крем…
Подготовка: Изматете го путерот или маста со шеќерот. Додадете го јајцето и јогуртот и повторно изматете. Потоа додадете го целото брашно, солта и прашокот за печиво и замесете тесто. Прво ќе ви се причини дека имате премногу брашно, но вие продолжете да месите полека, нема потреба да го притискате силно.
На крајот кога ќе биде речиси готово, истурете на масата малку брашно, извадете го тестото на маса и полека премесете го.
Добиеното тесто поделете го на два дела. Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее. Секој дел со малку брашно развлечете го во круг.
Поделете на осум делови, па потоа секој на три, но може и на два доколку сакате поголеми кифли.
На секој дел на почетокот сипете малку мармалад или крем, потоа префрлете го долниот дел од тестото преку смесата и потоа тестото околу неа истапкајте го со прсти за убаво да се затвори, потоа само завиткајте ја кифлата.
Наредете ги во плех и печете ги сè додека не почнат да заруменуваат. Треба да останат светли. Кога ќе добијат по рабовите жолта боја или благо ќе заруменат, ќе знаете дека се готови. Не грижете се, и ако малку подолго ги оставите да се печат, пак ќе бидат совршени. Оставете ги да се изладат, па извалкајте ги во шеќер во прав.