Пилешка салата за празничната трпеза

Една од најпопуларните салати за новогодишните празници е пилешката салата со краставички и печурки. Се подготвува лесно и брзо.

Потребни состојки:

1кг пилешко бело месо
1 тегла маринирани шампињони
1 тегла кисели краставички
3 варени јајца
3 лажици сенф
1 мала тегла мајонез
сол и црн пипер

Начин на подготовка:

Пилешкото месо сварете го и исечете го на ситни коцкички. Ситно исечкајте ги и шампињоните. Исцедете ги од течноста и додајте ги во садот со сечканото месо. Киселите краставички ситно исечкајте ги, па додајте ги кај пилешкото месо. Повторете ја постапката и со варените јајца. Додајте ги сенфот и мајонезот, зачинете по вкус и измешајте ја салата за да се соединат состојките. Декорирајте по желба.

Scroll to Top