Пилешка салата

Потребно:

200 гр пилешко месо
1 мало ќесенце саламурени печурки
4-5 кисели краставички
2 м.л. сенф
1 мало ќесе мајонез
по потреба (околу 300гр) павлака
50 гр ореви (сечкани)
по вкус сол, црн пипер

Подготовка:
1. Месото го сечкаме на мали парчиња. Го ставаме во длабок сад.
2. Киселите краставички, исто така, ги сечкаме и ги додаваме во садот.
3. Печурките ги цедиме од вишокот течност, па ги сечкаме и ги додаваме кај месото и краставичките. Додаваме и сечкани ореви, сенф, мајонез, павлака. Посолуваме и ставаме црн пипер по вкус. Промешуваме да се соединат состојките.
4. Оваа салата се јаде ладна и најубаво е отстои во фрижидер неколку часа пред да ја послужите.

По вкус можете количината на мајонез да ја зголемите, и обратно, количината на павлака да ја намалите, доколку сакате да ви доминира вкусот на мајонез.
Оваа доза е доволна за една чинија, инаку вообичаено за  поголема количина се става 1 кг пилешко месо, 1 тегла сечкани шампињони и пола тегла кисели краставички.

Scroll to Top