Пилешки гради во сос од вино

Состојки:

  • 4 парчиња пилешко бело месо
  • 50 гр брашно
  • сол, бибер

За сос:

  • 150 гр путер
  • 1 главица црвен кромид
  • лук
  • 50 гр грашок
  • 3 лажици сок од лимон
  • сол, бибер
  • бело вино

Подготовка:

Пилешките стекови се сечат на половина и се истанчува секое парче со чекан за месо. Се мешаат брашното и зачините, се валка месото во смесата и се пржат на средно врело масло околу три минути или додека месото не порумени.

Парчињата се завиткуваат во фолија за да останат свежи и топли додека се подготвува сосот.

За сосот се одделува 50 гр путер, кој треба да се растопи во сад на умерена температура. Се запржува ситно исечканиот кромид, а при крај се додава и лукот.

Потоа се додава грашок, сок од лимон и малку бело вино. Сето тоа се остава да покрчка додека не испари вишокот течност, околу пет минути.

Се намалува температурата на минимум и се додава преостанатиот путер додека не се стопи целосно. На крајот се зачинува со сол и црн пипер.

Месото можете да се послужи со тестенини и сезонска салата.

Scroll to Top