Пилешки прсти со јогурт

 

Потребно:

3 парчиња пилешки стек

за маринирање

100 мл јогурт

1 лажица сенф

1/2 лажичка црн бибер

1/2 лажичка сол

1 лажичка мешан сув зачин

за валкање

100 гр презла

50 гр сусам

Најпрво стекот го сецкаме на долги тенки парчиња (по желба). Во кеса во длабок сад ги ставаме состојките за маринирање, секое парче убаво го премачкуваме, и оставаме неколку часа во фрижидер.

Парчињата ги валакме во мешавина од презла и сусам, и ги редиме во плех обложен со хартија за печње. Одозгора попрскуваме со малку масло, и ставаме во загреана рерна на 200 степени. Кога ќе поруменат од горната страна, ги превртуваме и печеме уште кратко, додека не поруменат и од другата страна.

Scroll to Top