Пилешко бело месо во сос од млеко и путер

Доколку немате многу време, а ни идеи што да подготвите, ова е одличен предлог за вас.

Состојки:

  • 3 пилешки филети
  • 2 дцл млеко
  • брашно
  • 30 г путер
  • малку масло
  • сол и бибер
  • оригано

Подготовка:

  • исечете го месото на потенки шницли, посолете го и побиберете го, па извалкајте го во брашно.
  • Истопете го путерот во тава и додадете масло, па кога ќе се загрее, ставете го месото.
  • Испржете го месото и потоа додадете млеко, зачинете уште малку и додадете оригано.
  • Поклопете го и потоа полека динстувајте 10-12 минути.
  • Потоа тргнете го капакот, зголемете ја температурата и оставете го да се крчка уште некои 10 минути.
Scroll to Top