Пилешко ќофте во сос од сенф

Потребни состојки:

500 гр пилешко бело месо
1 кромид
1 чешне лук
малку презла
сол, бибер, буковец

За сос
1 шолја млеко
вода или пилешки бујон
1 лажица брашно
1 лажичка сенф
200 мл павлака за готвење
малку кашкавал

Начин на подготовка:

Пропрежете го сечканиот лук, додајте кромид, зачинете и додајте презла. Исечкајте го пилешкото месо, ставете го во сад и додајте ги пропржените состојки и јајцето. Соединете и ако е потребно додајте уште презла. Направете ќофтоња и пропржете ги. Во посебна тава ратопете го путерот, додајте брашно, промешајте, па сипете млеко и павлака за готвење. Додајте сенф и промешајте, па сипете вода или бујон. Откако ќе зоврие, додајте ги пржените ќофтиња и варете уште 7-8 минути. Откако е готово, изрендајте малку кашкавал, па послужете.

Scroll to Top