Пилешко на медитерански начин

Состојки:

  • ким
  • пимент (познат како јамајски бибер)
  • сол
  • бибер
  • лук во прав
  • пилешко месо
  • маслиново масло
  • кромид сечен на коцки
  • сецкан лук
  • ориз
  • лимон
  • бадеми
  • суво грозје

Подготовка:

Измешајте ги зачините, кимот, пиментот, солта, биберот и лукот во прав и со нив премачкајте го пилешкото месо. На загреано масло испржете ги лукот и кромидот, па додајте го оризот да зарумени една минута.

Дното на садот за печење премачкајте го со маслиново масло. Ставете ја смесата од кромид, лук и ориз и додадете го пилешкото месо. Сипете вода и покријте го сето ова и оставете го да се пече додека оризот не биде готов.

Во медитеранскиот ручек додадете бадеми и суво грозје и по желба пилешкото посипете го со сок од лимон.

Scroll to Top