Потребни состојки:
700 грама пилешки гради
170 грама моцарела сирење
една лажичка зачини за пилешко
домати
сол
масло
Начин на подготовка:
Пилешките гради се посолуваат, се зачинуваат и кратко се пржат на масло. Потоа се ставаат во тава, врз нив се редат парчињата сирење, домати исечкани на тркалца и се додава босилек. Се пече десет минути во рерна загреана на 180 степени. Како прилог може да се сервира ориз или печени компири.