Потребни состојки:
- 600 гр пилешко месо
- 1 лажичка мелена црвена пипер
- 40 гр путер
- 700 гр праз
- 150 мл бело вино
- 100 мл кисела павлака Пекабела
- 1 лажица зачин
Начин на подготовка:
Пилешкото исечкајте го на парчиња. Празот добро измијте го и исечкајте го на тркалца. На стопен путер пропржете ги месото и празот. Додајте пипер и залијте со 100 мл топла вода. Измешајте, додајте ги зачините и продолжете да динстате на слаб оган наливајќи го месото со вино додека не омекне. На крај додадете кисела павлака. Послужете го месото со ориз, тестенини или пире од компири.