Пилешко во павлака

Рецепт со пилешко месо кој лесно се прави и е добра идеја секогаш кога не знаете што да направите.

Само три состојки ќе ви бидат потребни за овој гастрономски специјалитет.

Потребно е: 500 гр пилешко филе, 1л павлака за готвење, 2 кесички инстант-супа од печурки.

Подготовка: Во огноотпорен сад наредете го исецканото пилешко месо, потоа ставете ја супата од кесичката и прелијте ја павлаката за готвење. Ставете ја во рерна на 200 степени и печете додека не порумени. За помалку од половина час ќе имате совршен ручек со малку труд.

Scroll to Top