Традицијата на подготовка на пинџурот датира од многу одамна, а рецептите за тоа како да го направите се пренесувале од генерација на генерација.
Ако оваа есен сте за вистинска зимица, еве го рецептот за пинџур по традиционален рецепт:
Потребни состојки:
3 кг. црвени пиперки
1,5 к.г модри патлиџани
1,5 к.г домати
150 г. лук
2 дл. масло
250 г лути пиперки
по 1 лажичка сол и шеќер
Подготовка:
- Испечете ги пиперките, модрите патлиџани и доматите, излупете ги и сомелете ги во машина за месо.
- Ставете го маслото да се згрее во големо тенџере, па додадете го мелениот зеленчук. Додадете ги солта, шеќерот и исечканиот лук. Оставете да се динстаат 10-15 минути. Пред самиот крај додадете ги лутите пиперки, кои претходно малку сте ги запекле, но внимавајте истите да не се распаднат, туку да останат цели.
- Жешкиот пинџур ставете го во топли, стерилизирани тегли кои веднаш ќе ги затворите и ќе ги оставите превртени да отстојат преку ноќ додека не се изладат.