Пирошки од палачинки

За овие крцкави пирошки најпрво подгответе палачинки по сопствен рецепт.

За фил:

шунка
сирење
кашкавал
кисели краставички

За похување:

јајце
лебни трошки

Начин на подготовка:

На ситни парчиња исецкајте ги шунката, сирењето, кашкавалот и краставичките. Со филот премачкајте го средниот дел од палачинката, па замотајте како ролат. Ваквите палачинки извалкајте ги во изматените јајца, па во лебните трошки. Пржете ги на ниска температура за да не изгорат. Тргнете ги кога ќе добијат жолто-златна боја, а пред внатрешноста да се стопи.

Послужете ги со павлака или со мајонез во кој ќе изрендате краставички.

Scroll to Top