Пишии со зденка

Вкусно предјадење.

Потреби состојки:

Половина квасец
1 лажичка шеќер
1 лажица сол
300 грама брашно
2 лажици презла
2 триаголника зденка
2 лажици трошки сирење
Половина чаша јогурт
Масло за пржење

Налин на подготовка:

Во половина чаша топла вода изматете го квасецот со лажичка шеќер. Оставете да нарасне. Во вангла ставете ги сите состојки и замесете тесто. Оставете да нарасне околу час и половина. Развлечете кора и исечете ја на неправилни триаголници и квадрати. Покриени со крпа оставете ги уште околу 20 минути. Пржете во добро загреано масло. Пржените пишии ставете ги на кујнска хартија да се исцедат. Сервирајте ги топли во комбинација со јогурт, кисело млеко или сирење.

Scroll to Top