Пита сo кисела зелка

Доаѓа Бадник. Време е за пита со кисела зелка…

 

Потребно:

Тесто

400 гр. брашно

1 лажичка сол

1/2 лажичка шеќер

прстофат сода

3 лажици масло

220-250 мл вода

За премачкување

по потреба масло и маргарин (пола-пола)

Фил

1 мала главица кисела зелка

по вкус бибер

малку зејтин

Подготовка :

  1. Зелката треба да се исечка, да се исцеди убаво и да се пропржи со бибер и малку зејтин (така може да ја ставите во сад, да ја замрзнете и да ја имате секогаш при рака)
  2. Од состојките за тесто се замесува меко, нелепливо тесто. Потоа разделете го на парен број топчиња (мене ми излегоа 16, 10 за долната и 6 за горната кора). Маргаринот растопете го, па потоа додадете и масло промешајте да се изедначи (да не биде топло).

Од секое топче расукајте коричка, убаво намрсете ја секоја коричка па поклопете ја со наредната. Добивате 2 купчиња со 10, односно 6 корички.

  1. Второ расукување … земете го второто купче и расукајте голема кора. Премачкајте ја целата со маргаринот и маслото, потоа преклопете ги двата краја до средината. Повторно премачкајте и уште еднаш по должина и преклопете (добивате тенка лента од тестото). Премачкувате пак и ги виткате двата краја до средина. Последно премачкување и преклопувате на половина (да добиете коцка). Кога двете кори се спремни, оставете ги 10-тина минути во фрижидер.
  2. Трето расукување … земете го тестото за долната кора, расукајте кора соодветна на тавчето во кое ќе печете. Префрлете ја во намрсено тавче и распоредете го филот. Расукајте ја и горната кора, прекријте и направете си витка. Убаво попрскајте ја целата со растопениот маргарин и масло и ставете да се пече во претходно загреана рерна.

Оставете малку да се излади па послужете.

Scroll to Top