Пита со компири без кори

Брз и вкусен рецепт за пита што се подготвува лесно.

Потребни состојки:

700 гр. компири
3 јајца
100 гр брашно
1 лаж. сол
1 лаж. црн пипер
1 пециво
1 кромид
3 чешниња лук
1 кисела павлака

Начин на подготовка:

Компирот излупете го, па изрендајте го. Во истиот сад додадете ги брашното, солта, маслото, пиперот, пецивото и сечканиот кромид. Смесата измесете ја и ставете ја да се пече. Пет минути пред крај на печењето додадете ги павлаката и сечканиот лук. Печете на 200 степени додека да зарумени.

Scroll to Top