Потребни состојки:
500 гр готови кори за пита
250 гр зденки
250 гр сечени маслинки
За прелив за корите
4 јајца
180 гр кисела павлака
180 мл кисела вода
150 мл зејтин
Сусам за поросување
Начин на подготовка:
Прво се подготвува преливот. Со миксер ги матиме јајцата, ја додаваме павлаката, киселата вода и зејтинот и матиме за да се спои во мазна смеса.
Плехот го намастуваме со зејтин. Најдолу ставаме четири кори, половина во плехот, а половина од кората да излезе надвор, за на крај со овие кори да ја преклопиме питата. Премачкуваме со две лажици од преливот. Ставаме пак кора, премачкуваме со две лажици од преливот и ставаме сечени зденки и сечени маслинки. Пак две кори со прелив, ставаме од маслинките и зденките и така додека да се потрошат корите. Најгоре ги преклопуваме четирите кори и премачкуваме со преливот што остана.
Питата ја сечеме на парчиња, поросуваме со сусам и ја печеме на во ззагреана рерна на 200 степени, околу 30 минути. По потреба ја намалуваме температурата.
Питата ја послужуваме топла.