Пита со праз со готови кори

Потребни состојки:

500 гр готови кори
5 страка праз
500 мл кисела вода
1/2 коцка квасец
13 лажици брашно
1 лажичка сол
1/2 лажичка шеќер
80 мл зејтин

Потребни се уште кисела вода, зејтин и сол.

Начин на подготовка:

Најпрвин го сечеме празот и го запржуваме во тава со зејтин и сол. Оставаме да се олади. Во сад ставаме кисела вода, брашо, сол, шеќер, квасец и зејтин. Со миксер ја матиме смесата и со неа ќе ги премачкуваме корите. Ја премачкуваме тавата со зејтин и ставаме една или две кори набрани. Ги попрскуваме со малку зејтин и кисела вода. Ставаме уште една кора и повторно попрскуваме со зејтин и кисела вода. Врз третата кора ставаме 4 лажици од смесата со брашно. Ставаме малку праз. Врз тоа пак редиме кори и ја повторуваме постапката додека да ги построшиме корите и празот. И најгорната кора ја премачкуваме со смесата со брашно. Питата ја попрскуваме со зејтин, поросуваме со сусам и ја оставаме да одмори 30 минути. Печеме на 200 степени околу 15 минути, па намалуваме на 180 степени и печеме уште 30 минути. Питата пред служење да остине покриена со крпа.

Scroll to Top