Потребни состојки:
500 гр тенки кори за пита
1 кг рендана тиква
4 јајца
200 гр шеќер
2 дл масло
1,5 дл млеко
½ кеси прашок за пециво
1 ванилин шеќер
малку рендана кора од лимон
1 кесичка цимет
4 лажици брашно
Начин на подготовка:
Тиквата преполовете ја, извадете ги семките и излупете ја. Исечкајте ја на помали парчиња за полесно да ја изрендате. Измешајте ја со 100 гр шеќер и цимет па оставете да стои додека го приготвувате намазот. Разматете ги јајцата со шеќер и ванила. Измешајте брашно, млеко, масло, прашок за печиво и изрендана кора од лимон. Раширете една кора, премачкајте ја со три лажици намаз, ставете друга кора, повторно намаз па трета кора. На неа наредете рендана тиква, свиткајте ја и наредете на намастена тепсија. За крај оставете 3 лажици намаз. Во него можете да ставите малку сок кој ќе остане од ренданата тиква. Премачкајте ја питата, избоцкајте ја со чепкалка па оставете да стои половина час. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 25-30 минути. Кога ќе се излади посипете ја со шеќер во прав и послужете ја.