Пица во тава, главен кулинарски хит на Инстаграм

Никогаш претходно интернетот не бил толку богат со необични и едноставни рецепти како сега, па така пицата во тава стана најновиот кулинарски хит на социјалните мрежи. Таа се подготвува буквално за 15 минути, а тврдат дека има вкус исто како што штотуку да сте ја извадиле од специјализирана рерна.

Љубителите на храна масовно го споделуваат овој лесен рецепт чија тајна е во посебната техника. Така, дури и да немате рерна за пица, сепак постои начин да подготвите италијански специјалитет исто како да сте го печеле!

Од дадената количина ќе добиете три пици со дијаметар од 30 см, а исто така имајте на ум дека оваа пица можете да ја збогатите со состојки по ваш избор.

Потребни состојки:

За тесто:

  • 7 грама сув квасец
  • половина лажица шеќер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 500 гр остро брашно
  • половина лажица ситна морска сол

За сос:

  • 500 мл сос од домати
  • 125 грама моцарела (рендан)
  • 150 грама преполовени топчиња моцарела
  • малку босилек
  • половина лажица маслиново масло

Подготовка:

Квасецот, шеќерот и маслиновото масло измешајте ги со 325 мл топла вода, па оставете да отстои 2,3 минути додека целосно да се растопи квасецот. Во сад измешајте ги брашното и солта, а потоа направете вдлабнатина во средината. Истурете ја смесата од квасецот во таа шуплина и мешајте сè додека смесата не се соедини.

Месете го тестото осум до десет минути на набрашнета работна површина додека не добиете мазно, еластично тесто. Ставете го во поголем сад, покријте го со влажна крпа и оставете го да отстои околу еден час додека не се нарасне. Поделете го на три дела, а потоа  од секој од нив формирајте тркалезна основа за пица.

Тавата со подебел слој масло ставете ја на силен оган на шпорет да се загрее, а потоа додадете го тестото во маслото. Пропржете го од двете страни, извадете го од тавата, префрлете го во плех и додадете го сосот од домати и останатите состојки.

Пицата во плех ставете ја во загреана рерна на 250 степени, така што ќе биде позиционирана на првата решетка под грејачот. Оставете да ја се пече така уште пет минути.

Scroll to Top