Плескавици од тиквички и мисиркино месо

Потребни состојки:

400 гр мелено мисиркино месо,
2 главици кромид,
3 мали тиквици,
2 чешниња лук,
1/2 лажичка мелена лута пиперка,
масло, малку брашно, сол и бибер.

Начин на подготовка:

Во голем сад измешајте го меленото месо, изренданите тиквици, ситно сечкан лук и кромид и зачини. Измешајте ја смесата со раце. Обликувајте плескавици, па пржете ги на загреано масло. Послужете со сос по желба и сезонска салата.

Scroll to Top