1 кисела зелка (до 2 кг)
1 главица кромид
150 мл свинска маст
свинско месо
свинска сланина
црн пипер
лаворов лист
Подготовка:
Исечете ја зелката на ситни парчиња, малку измијајте ја и процедете ја.
Загрејте ја маста, па на неа динстувајте ги ситно исечканиот кромид и зелката. Потоа додадете ги месото што претходно го исечкавте и пржете сè заедно 20-ина минути. Динстуваната смеса зачинете ја со црн пипер по вкус и со лаворов лист, а потоа ставете ја во земјен сад. Парчињата сланина ставете ги над измешаната смеса. Печете додека зелката не стане мека, на 200 степени околу еден и пол или 2 часа. Се сервира со компир.