Похувани тиквички

Состојки:

2 тиквички

сол

4 јајца

150 гр презла

200 гр брашно

Маслиново масло или сончогледово масло

Подготовка:

Излупете ги тиквичките и пресечете ги на кругчиња, ставете ги во подлабока чинија, насолете ги и измешајте ги со рацете. Оставете 10-15 минути да отстојат за да пуштат вода и исцадете ја. Јајцата изматете ги со виљушка, а секое крукче прво извалкајте го во брашно, потоа во јајца и конечно во презла. Ставете парче хартија за печење во тепсијата и ставете ги крукчињата, прелијте го секое крукче со малку маслиново масло. Печете во рерна на 220 степени околу 30 минути. За време на печењето, свртете ги тиквичките да се испечат и од другата страна.

Scroll to Top