Похувани пиперки полнети со шунка и кашкавал

Потребни состојки:

8 црвени меснати пиперки,
8 парчиња димена шунка,
8 парчиња ајдамер кашкавал,
8 парчиња зденка,
брашно, јајца, презла и масло за похување.

Начин на подготовка:

Испечете ги пиперките и излупете ги, само внимавајте да не ви се распаднат. Исечете ги шунката и кашкавалот на парчиња. Наполнете ја секоја пиперка со кашкавал, зденка, шунка, па извалкајте ја во јајце, брашно и презла малку посолена. Пржете ги пиперките додека да заруменат и послужете ги топли.

Scroll to Top