Потребни состојки:
4 парчиња леб
4 парчиња кашкавал
4 парчиња сувомесно (печеница, врат, кулен)
2 јајца
30 мл јогурт
сол, бибер по вкус
Начин на подготовка:
Пресечете тенки парчиња леб. Сечете ги прачињата две по две, со тоа што нема да ги пресечете го крај, туку да останат споени од едната страна. Внатре наполнете ги со кашкавал (одберете некој што убаво се топи) и со сувомесно по избор. Во длабок сад изматете ги јајцата и додајте малку јогурт и зачини. Убаво изматете. Сендвичите потопете ги во смесата со јајца и пржете ги во загреано масло додека да заруменат. Послушете ги топли, со јогурт.