Вкусен чоколаден посен десерт, здрави чоколадирани бомбички со овесни снегулки, кикиритки и бадеми, без печење, со одличен вкус.
Состојки:
- 2 шолји ситни овесни снегулки;
- 1 шолја путер од кикиритки;
- 1/2 шолја мед;
- 1/2 шолја брусница;
- 1/2 шолја бадеми;
- 2 шолји мелен лен;
- 1/2 шолја ситно сечкана темна чоколада
Подготовка:
Се сецкаат бадемите и чоколадото, се додаваат снегулките, ленот, путерот од кикиритки и медот. На крајот се додава брусницата и лесно и кратко се мати. Се обликуваат бомбичките и се ставаат во фрижидер околу половина час за да се зацврстат.