Посен колач со портокал

Потребни состојки:

300 гр брашно
20 гр густин
150 гр кафеав шеќер
340 мл. оризово млеко
100 мл. масло
1 портокал
15 гр пециво
За посипување- шеќер во прав

Начин на подготовка:

Изрендајте ја кората на портокалот, а портокалот исечете го на коцки и ставете го во блендер.
Во блендерот додајте ги млекото и маслото и изблендирајте убаво. Во сад измешајте ги брашното, шеќерот, густинот, пецивото и кората од портокал. Мешајќи со жица за матење, постепено додавајте ја изблендираната смеса од млеко, масло и портокал. Ставете ја смесата во тркалезен калап бр.26, премачкан со масло и набрашнет. Печете на 180 степени околу 40-45 минути. Оставете го колачот да остине па посипете со шеќер во прав.

Scroll to Top