Посен кускус со печурки и праз

Потребни состојки:

120 гр кускус
половина струк праз
200 гр печурки
сол
бибер
сув зачин
магдонос по вкус

Начин на подготовка:

Празот и печурките се пржат и се додаваат зачините. Кускусот се прелива со топла засолена вода, се промешува, па се покрива и се остава 5-10 минути да набабри. Потоа се спојува со печурките и празот и се послужува.

Scroll to Top