Посен полнет домат запечен во рерна

Потребни состојки:

6 домати
1 морков
1 кромид
1 шолја ориз
власец
сол, бибер

Начин на подготовка:

Измијте ги доматите, исечете ги врвовите, изрендајте ги, но врвот не го фрлајте. Во тенџере ставете малку масло и кога ќе се загрее додадете исечкан кромид и лук и динстајте додека не станат проѕирни. Кога зеленчукот ќе омекне, додадете го оризот, внатрешноста на доматите и морковот изрендан на поголемата страна од рендето. Зеленчукот прелијте го со вода за да се впие, а потоа додадете сол, бибер и зачини по вкус и оставете да се вари 20 минути. Плехот намачкајте го со масло, па ставете го доматот, па наполнете го со ориз и вратете го врвот за да ги затворите. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути, а пред послужување посипете со сечкан млад лук.

Scroll to Top