Потребни состојки:
За фил:
250 гр маринирани шампињони
1 лажица црвен пипер
1 кгр кромид
За тесто:
800 гр брашно
1 коцка квасец (40гр)
1 филџан (150 мл) масло
густин за посипување
250 гр маргарин омекнат
Начин на подготовка:
Најпрво подгответе го филот. Кромидот исечкајте го и ставете го на оган да се испржи. Кога ќе зарумени додајте ги печурките, посолете, ставете бибер и една лажица (не полна) црвен пипер. Оставете го филот да се излади.
Зафатете го квасецот со топла вода, малку шеќер и брашно. Замесете го тестото на меко од брашното, маслото и квасецот и поделете го на два дела. Секој дел посебно расукајте го во тенка кора. Премачкајте ја целата кора со омекнат маргарин, па прекоплете ја на половина. Повторно премачкајте со маргарин и преклопете и така додека не добиете мало парче. Ставете го во ќеса или во фолија, па оставете го во замрзнувач 30 минути. Повторете го истото и со второто тесто. Од првото тесто расукајте ја долната кора. За посипување наместо брашно користете густин. Долната кора треба да е малку поголема од тавата за краевите да се префрлат надвор. Ставете го филот преку кората. Расукајте ја втората кора, ставете ја одозгора и направете наборите. Со краевите од долната кора спојте ги двете кори.
Останатиот маргаринот стопете го со малку зејтин во тенџере на оган. Со лажица ставете врз кората, наросете сусам и веднаш ставете го во загреана рерна. Печете околу половина час на 200 степени.