Посна шпанска пита

Потребни состојки:

200 гр растителен кашкавал
1 чаша (од 200 мл) масло
1 чаша пченично брашно
1 чаша пченкарно брашно
1 прашок за печиво
100 гр црвена пиперка
100 гр зелени маслинки
1 чаша минерална вода
сол по вкус

Начин на подготовка:

Изрендајте го кашкавалот на крупната страна од рендето. Црвената пиперка и маслинките исечкајте ги ситно. Сите состојки измешајте ги и смесата сипете ја во тава обложена со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 200 степени 20-ина минути. Послужете ја топла.

Scroll to Top