Посни банана мафини без зејтин

Брзи и лесни мафини, одлични за деновите со пости:

 

Потребни состојки:

2 банани
200 гр шеќер
350 гр пченично брашно
100 гр ‘ржано интегрално брашно
2 лажици мед
1 лажица прашок за печиво
сок од половина лимон

 

 

Налин на подготовка:

Во тенџере со 2-3 лажици вода измешајте шеќер и мед. Бананите изгмечете ги, па додајте ги во шеќерот и медот, измешајте и ставете на рингла на ниска температура за шеќерот да се растопи. Потоа додајте прашок за печиво и измешајте, а смесата ќе биде бела и пенлива. Кога смесата ќе се излади, постепено додавајте ги едното и другото брашно. Масата ќе биде леплива и не е потребно долго да се меси, колку да се соединат состојките. Полнете ги корпичките со смесата и печете 15 минути на 200 степени, додека не порумени.

Scroll to Top