Посни ќофтиња без месо

За сите кои се придржуваат кон Велигденските пости и ги испробале повеќето традиционални јадења, рецептов за посните ќофтиња, во кои нема месо, би бил одличен избор.

Ќофтињата од брокула се идеална замена за месото во посниот период, се прават за 15 минути, а може да ги пробаат и сите вегетеријанци.

Состојки:

  • 1 средна главица брокула или 300 г замрзната брокула
  • 1 мала главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 2 средни моркови
  • 2 лажици магдонос
  • 2 јајца
  • 1 лажичка буковец лут или благ
  • 1 лажичка шарена сол
  • Сол и мелен црн пипер по вкус
  • 70 г лебни трошки
  • Масло за јадење

Подготовка:

Во тенџере со зовриена вода се става брокулата поделена на помали делови да се обари околу 1 минута. Потоа се прецедува и се поминува низ студена вода.

На даска за сечење, ситно се сецка брокулата и се става во длабок сад.

Во садот се додава ситно исечкан лук и кромид. Морковите исто така ситно се сечат и се додаваат во садот.

Потоа се додаваат јајцата, магдоносот, буковецот, шарената сол, солта и мелениот црн пипер. Добро се промешува со помош на виљушка и се додаваат лебните трошки.

Повторно се промешува со лажичка или со дланка и се оформуваат ќофтенцата.

Се редат на хартија за печење и се полеваат со по малку масло за јадење врз секое ќофтенце.

Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 10-15 минути.

Се сервираат со кисела павлака.

Scroll to Top