Посни ќофтиња од компири и ориз

Потребни состојки:

500гр варени компири

½ чаша ориз

2 главици кромид

2 моркова

сол и црн бибер по вкус

масло, брашно и лебни трошки по потреба

 

Начин на подготовка:

Сварете го оризот. Компирите излупете ги и исечкајте ги на мали коцки со големина од 1 сантиметар, па ставете ги да се варат. Варениот ориз исцедете го, а компирите испасирајте ги. Кромидот исечкајте го ситно, а морковите изрендајте ги на крупната страна од рендето. Препржете ги на загреано масло. Тргнете ја тавата од оган и во неа додајте ги пасираните компири и оризот и зачинете со сол и мелен црн бибер по вкус. Оставете ја смесата да отстои пола час. Од смесата формирајте ќофтиња. Секое ќофте извалкајте го во брашно, а потоа во лебни трошки. Пржете ги додека да добијат светло румена боја, а потоа извадете ги врз чинија обложена со кујнска хартија за да се впие вишокот масло. Послужете ги топли.

Scroll to Top