Посни кокос коцки

Потребни состојки:

30 лажици брашно
20 лажици шеќер
25 лажици масло
35 лажици вода
1 и пол прашок за пециво
200 гр кокос
50 г какао
50 гр посно чоколадо за готвење
1 дл вода
200 гр посен маргарин
150 гр шеќер

Начин на подготовка:

Во сад се меша брашното со прашокот за пециво и се додаваат 20 лажици шеќер, 25 лажици масло и 35 лажици вода. Се мати тесто со миксер и се става во подмачкан плех. Се пече на 180 степени 20 минути. Какаото со 150 грама шеќер се разматуваат во водата и се загреваат. Кога ќе зоврие, се ставаат и чоколадото и маргаринот, па се меша да се изедначи. Кога ќе се излади смесата од плехот, се прелева со чоколадото. Се сече на коцки, па се посипува со  кокос.

Scroll to Top