Посни колачи со малини и црвено вино

Состојки:

За тесто
  • 500 гр брашно
  • 2 ванилин шеќери
  • 140 мл црвено вино
  • 230 мл масло
  • 1 пециво
  • 50 гр мелени ореви

Дополнителни состојки

  • околу 200 гр џем од малини
  • шеќер во прав за посипување
Подготовка:
1. Сувите состојки ги соединуваме, па ги додаваме маслото и виното.

2. Замесуваме компактно тесто и веднаш го расукуваме со дебелина од 5 мм.
3. Сечеме кругови и во половината од круговите сечеме со калапче срце.
4. Ги печеме во рерна на 190 степени со вентилатор, околу 15 минути.
5. Откако ќе се изладат врз круговите ставаме мармалад и ги лепиме со круговите во кои сме издлабиле форма на срце.
6. Ги сервираме и ги посипуваме со шеќер во прав.

Забелешка
Следете ги при печењето да не потемнат, само слабо да ја сменат бојата. И кога ќе ги допрете додека се печат треба сепак да бидат мекички. Кога ќе се изладат ќе се стврднат, а пак кога ќе се спојат со џем и отстојат се совршено меки.

Scroll to Top