Посни мекици

Потребни состојки:
800 грама брашно
една лажичка шеќер
една лажичка сол
половина чаша масло за јадење
еден квасец

Начин на подготовка:

Растворете го квасецот во чаша млака вода. Замесете го тестото, постепено додавајќи го брашното и квасецот во сад во кој веќе сте ги ставиле солта и шеќерот. Додајте уште малку вода доколку е потребно. Откако тестото добро ќе се измеси, оставее го да отстои на топло за да нарасне. Потоа, со мрсни раце од тестото се кинете парчиња и развлечете ги. Пржете ги една по една во жешко масло.

Scroll to Top