Посни полнети пиперки

Потребни состојки:

Пиперки, толку колку што ви требаат
300 г свежи шампињони
300 г ориз
1 кромид
сол, црн пипер
300 мл сос од домати

Начин на подготовка:

Пропржете го кромидот, па додадете ги сечканите шампињони и на крајот додадете го оризот и зачинете. Оставете ја смесата малку да се олади, па наполнете ги пиперките и наредете ги во тепсија. Прелијте ги со сос од домати и малку вода и ставете ги да се печат околу 1 час.

Scroll to Top