Потпечени ќофтиња со компир

Потребни состојки:

компири
мелено месо
лук
црвена пипер
сол
бибер
зачин
бешамел сос
кашкавал

Начин на подготовка:

Компирите обарете ги и исечкајте ги на тркалца, па наредете во огноотпорен сад. Меленото месо измешајте го со ситно сечкан лук, црвен пипер, сол и бибер, по желба додајте и други зачини, па формирајте ќофтиња. Ќофтињата наредете ги на компирите, а помеѓу нив редете кругови компири, така што секое ќофте ќе биде заградено. На крај прелијте ги ќофтињата со бешамел сос, изрендајте кашкавал и печете во рерна 15 минути на 200 степени.

Scroll to Top