Потребни состојки:
1 тиквичка
2 јајца
150 гр сирење
20 гр маргарин
вегета
7-8 парчиња леб
Начин на подготовка:
Се мие тиквичката, се лупи и крупно се ренда. Јајцата се матат, па се ставаат во сад со сирењето, кое се ренда, и вегета, па се додаваат и тиквичките. Сите состојки заедно се мешаат. Се земаат парчињата леб, се премачкуваат со маргаринот, па се става од смесата. Се печат 10-ина минути на 200 степени во плех со хартија за печење.