Потпечени макарони со шунка, павлака и пармезан

Потребни состојки:

125 гр. макарони
40 гр. шунка
1 лажица маргарин
200 гр. павлака за готвење
2 јајца
20 гр. рендан пармезан
40 гр. рендан кашкавал
сол и бибер

Начин на подготовка:

Се варат макароните во солена вода, па се цедат.  Се загрева рерната на 180 степени, а шунката се сече на коцки и се пржи на маргаринот. Се меша со макароните, па се става во подмачкан огноотпорен сад.  Се матат јајцата со павлаката, се става пармезан и кашкавал, се става сол и бибер. Се става се врз макароните и се пече 30 минути.

Scroll to Top