Потребни состојки:
50 гр мелено месо
2-3 поголеми тиквички
1 пиперка
1 кромид
10 г моцарела
Пармезан (рендан)
3 лажици маслиново масло
сол, чили, зачини по желба
Начин на подготовка:
Тиквичките измијте ги, излупете ги и исечете ги на половина. Извадете ја внатрешноста со лажица. Исечкајте кромид и пиперка. Динстајте го кромидот 5 минути и потоа додајте пиперка и динстајте ја додека да омекне. Додајте мелено месо и динстајте 10 минути. Посолете, додајте чили и останати зачини по желба. На крај додајте ја и средината од тиквичките и динстајте додека да испари водата.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте ја тавата со масло и наредете ги тиквичките. Во смесата додајте пармезан и моцарела и промешајте. Наполнете ги тиквичките и печете 15-20 минути.