Потпечено месо со павлака

Потребни состојки:

500 гр мелено месо
2 праза
1 јајце
50 гр презла
2-3 лажици маслиново масло
сол, црн пипер, зачинал

За прелив:

2 јајца
150 мл павлака за готвење
сол

Начин на подготовка:

Со малку маслиново масло запржете го меленото месо. Додејте го исечканиот праз, па зачинете по вкус со сол, црн пипер и зачинал. Динстајте на тивок оган 7-8 минути. Тргнете ја смесата од огнот, додајте ги презлата и изматеното јајце. Сето тоа убаво соединете го, па префрлете го во ватростален сад, кој претходно сте го подмачкале со малку путер или маргарин. Попрскајте со малку брашно одозгора.

Печете на 200 степени 20-ина минути. Изматете ги јајцата и павлаката за готвење, додајте сол по вкус, па прелијте го месото и печете уште малку.

Scroll to Top