Потребни состојки:
350 гр ситно сечкано пилешко месо
400 гр сечкани свежи печурки
400 мл павлака
1 главица кромид
2 јајца
150 до 200 гр кашкавал
2 лажици презла
масло
Од зачини:
сол
бибер
сув зачин
лук во прав
Начин на подготовка:
Пржете го кромидот во масло, а потоа додадете го пилешкото и зачинете по вкус. Откако ќе се испржи, додадете ги печурките. Пржете сè заедно околу десетина минути. Потоа префрлете во огноотпорна чинија. Направете прелив, така што ќе изматите две јајца, павлака, кашкавал и презла. Мешајте до изедначување на смесата, а потоа прелијте ги месото и печурките. Печете во рерна 20-25 минути. По желба, изрендајте кашкавал одозгора и вратете ја чинијата во рерна уште неколку минути. Послужете го топло.