Пралине со кокос

By

Уште пред да продолжите со читање на рецептот, ве предупредуваме, вкусот на овие колачи е заразен! Кога еднаш ќе пробате од слатките и ароматични, па уште и домашно приготвени пралине со кокос, нема да можете да престанете да јадете! Најубави се во друштво, па поканете ги пријателите, направете кафе и споделете радост.

dobivaj vesti na viber

Состојки:
За колачиња:
250 гр рикота сирење
250 гр маскарпоне сирење
1 кесичка ванилин шеќер
100 гр шеќер во прав
100 гр кокос

За глазура:

300 гр црно чоколадо
5-6 лажици масло
малку кокос за декорација

Подготовка:

  1. Измешајте ги сирењата, додајте ги ванилиниот шеќер и шеќерот во прав,
    малку измешајте ги, па додајте го и кокосовото брашно. Ако смесата е премногу
    мека, слободно додајте уште малку кокос. Ставете ја во фрижидер барем половина
    час и кога ќе се стегне, ќе биде полесна за обликување.
  2. Од подготвената смеса направете топчиња со посакуваната големина и редете
    ги врз рамен сад, кој претходно сте го обложиле со целофан или фолија. Кога ќе ги
    направите сите топчиња, заедно со садот ставете ги во замрзнувач 1-2
    часа или додека се стегнат.
  3. За глазурата растопете го чоколадото на потивка температура со малку масло, па
    спуштајте ги топчињата едно по едно, па исцедени од вишокот чоколадо
    враќајте ги повторно во рамниот сад. Пред чоколадото да се стврдне, посипете ги со
    малку кокос за декорација. До послужување чувајте ги на ладно во фрижидер или
    замрзнувач.

Забелешка: Пралине можете да правите и со друго ситно сирење кое обично го користите за чизкејк.
Уживајте!

 

Ќе ви се допадне