Потребни состојки:
300 грама брашно
1 прашок за печиво
1 јајце
150 грама путер
100 грама шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
кора од лимон или портокал
џем
шеќер во прав
Начин на подготовка:
Од состојките замесете тесто и оставете го во фрижидер еден час. Развлечете го тестото, а потоа со калапи обликувајте ги колачињата по желба. Ви требаат две половини, една без дупки и една со дупка. Ако немате помал калап за правење мали дупчиња, може да ви послужи и некое капаче. Наредете ги така приготвените колачиња на хартија за печење премачкана со масло и печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени. Премачкајте ја половината без дупчиња со џем и на него залепете го оној со дупче, па наросете со шеќер во прав.